Трговско право


Трговско право е збир на правни норми и правни правила со кои се регулира статусот на трговските друштва како и сите правни дела што произлегуваат од правните односи на друштвата. Како субјекти на тровското право се јавуваат трговските друштва додека како предмет се јавуваат правните дела т.е. договорите.

Секојдневно се соочуваме со предизвикот при нудење на правна помош да бидат информирани со најновите правни текови од оваа област, со цел најсоодветно да одговараат на потребите на нивните клиенти. Токму затоа, се вбројуваме меѓу оние од областа на специјализацијата во меѓународно право што е нераскинливо поврзано со домашното трговско право, како: меѓународно инвестиционо право, меѓународно трговско право, меѓунароно приватно право и т.н.

Располагаме со успешно искуство во:

  • Регистрација на фирми, регистрација на здруженија на граѓани, регистрација на невладини организации, домашни и странски;
  • Преземање на процесни дејствија во согласност со Законот за трговски друштва;
  • Водење на стечајни постапки;
  • Застапување во постапки за заштита на права на индустриска сопственост;
  • Нудење на правна помош при водење на преговори со правни лица инвеститори во РМ и др.
  • Општи консултации и правни совети во областите на работа на друштвата.
  • Постојано и комплетно застапување и правна помош на производствени и трговски друштва, институти и друштва од земјата и од странство.
  • Спроведување на стечајна и ликвидациона постапка.
  • Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за клиентот.
  • Длабинска правна анализа.