Семејно право


 

Семејното право како научна дисциплина ги опфаќа:

  • брачното право кое ги регулира односите меѓу брачните другари кои настануваат со склучувањето на бракот, содржината на меѓусебните односи и престанокот на бракот;
  • родителското право, со кое се регулираат односите меѓу родителите и децата (поим, содржина, права и должности);
  • посвојувањето (поим, условите под кои тоа се заснова, правата и должностите на посвоителот и посвоеникот и престанувањето на посвојувањето);
  • старателството е институт чија цел е обезбедување заштита на малолетни лица без родителска грижа, како и на полнолетни лица кои не се способни да се грижат за себе, поим и постапка за ставање под старателство;
  • издржувањето во семејството, како израз на солидарноста меѓу неговите членови;
  • аспекти на имотните односи во бракот и во вонбрачната заедница

Поништување на брак

Според Законот за семејство, бракот ќе се поништи ако се утврди дека при негово склучување постоеле брачни пречки, како: малолетство, брачност, крвно и вонбрачно сродство, склучување на брак под присила или заблуда или од лица со манифестна форма на душевно заболување или од лица кои заостануваат во менталниот развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка или најтешка ментална заостанатост. Ние располагаме со успешно искуство од областа на семејно право, во име на еден од брачните другари, или физичко или правно лице кое за тоа има интерес, да се  поведе постапка за поништување на бракот.

Развод

Постапка за развод може да започне:

  • со заемна согласност на брачните другари;
  • по барање на еден од брачните другари, ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив и
  • по барање на брачниот другар, ако брачната заедница фактички престанала да постои повеќе од една година.

Постапката за развод на брак може да биде вознимирувачка и збунувачка, токму затоа ние сме искусни во давањето на јасни правни совети, првенствено сваќајки ја ситуацијата на клиентите. Освен тоа ние се стремиме кон решавање на семејните спорови на посреднички начин. Но кога е потребно водење на судска постапка, таквите случаи се водат ефикасно и на одлучен начин.

Освен тоа ги вршиме и следниве услуги:

  • Брачен договор – подготовка, модифицирање и консултации;
  • Првично утврдување или промена на имотните односи помеѓу брачните другари за време на бракот – сопружнички имот во заедница ( СИО ) или режим на разделеност.
  • Брако-разводните постапки за развод по заемна согласност или развод по вина на едниот брачен другар.
  • Барањата за поголем удел од имотот стекнат во текот на бракот.
  • Различни брачни побарувања.