
Граѓанското право претставува збир на правни норми со кои се уредуваат имотно-правните односи, односно оние односи кои што се од имотно-правен карактер
Од водење на граѓански постапки каде се бранат граѓанските слободи и права, до нудење на правна помош при склучување и примена на договори на физички и правни лица, нашата адвокатска канцеларија располага со успешно искуство во граѓанско-правната материја.
Без разлика дали станува збор за составување на договори за компании поврзани со производство на стоки и услуги или пак давање на правни совети на физички лица за постапки кои се преземаат при оставинска постапка, ние секогаш непристрасно и професионално нудиме правна помош, добро анализирајќи го случајот пред себе и сфаќајќи ги потребите и целите на клиентите.
Нашата канцеларија ги врши следниве услуги од областа на граѓанско право:
- Водење на парнични постапки, вонпарични постапки, оставински постапки и управни постапки пред надлежни државни органи;
- Преземање на различни процесни дејствија повразни со правото на сопственост, авторско право и други стварни права;
- Застапување на клиенти во постапки за медијација;
- Граѓанско право - застапување на правни и физички лица пред судовите во Република Македонија во граѓански спорови.
- Застапување на клиенти во постапки на извршување;
- Уредување и стекнување на право на сопственост на недвижности на домашни и странски физички и правни лица во земјата и странство;
- Застапување и заштита на правата и интересите на физички и правни лица од земјата и странство пред судовите, органите на државната управа, избран суд- арбитража и меѓународен суд;